Димитров: Идеите што беа добра основа за решавање на спорот за името за едната, ги одбиваше другата страна

by Фокус

Во минатото имаше идеи што беа добра основа за решавање на спорот за името за едната, но беа одбиени од другата страна, вели поранешниот преговарач во македонско-грчките преговори и актуелен министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за грчкио весник Вима.

-Ќе треба и двете страни, со добра волја да се вклучиме во преговорите и да се обидеме колку што можеме да ја разбереме чувствителноста на прашањата што произлегуваат, како што тие се согледуваат од другата страна. Треба да го подигнеме нивото на доверба и да инвестираме во билатералните односи на начин што го прави поверојатен напредокот – вели Димитров.

Иако станува збор за билатералн проблем, истакнува тој, последиците од негово нерешавање може да ја доведат во прашање регионалната стабилност.

Поврзани новости