Во спорот со Грција, ќе се обидам кон правните да додадам што повеќе политички аргументи, бидејќи нашата евроатланска интеграција е во интерес не само на Македонија, туку и на целиот регион, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров по средбата со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.
-Во првна смисла, ние имаме чиста ситуаиција. Имаме времена спогодба од 1995 година и пресуда од хашкиот трибунал од 2011 година, според која Македонија не би требала да има пречки да се зачлени во НАТО под привремената референца. Јас ќе се обидам кон правните да додадам што повеќе политички аргументи дека и во интерес на Грција е интеграцијата на Македонија. Тоа важно за нас како држава но членството во НАТО ќе влијае смирувачки и стабилизирачки врз целиот регион – рече Пописки.
Чавушоглу, пак, потсети дека Турција е првата државата што ја признала Македонија под уставното име и истакна дека ќе ја поддржи секоја одлука на земјава, како и заедничкото решение за името што ќе го договори со Грција.