Денеска е краен рок, работните групи да ја договорат изборната регулатива

Крајниот рок за постигнување договор меѓу политичките партии за изборниот пакет истекува денеска на полноќ. И покрај очекувањата за интензивни преговори, вчера имаше само билатерални средби.

Најчесто несогласувања има околу гласањето на дијаспората, начинот на прочистување на избирачкиот список и решавањето по приговорите на одлуките на државната изборна комисија.  Во ДИК, според најавите, треба да седнат комплетно нови членови од кои тројца ќе бидат експерти што ќе се бираат на јавен оглас и кои нема да имаат партиско искуство.

Изборните правила можно е пред претставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино да дојдат директно од Брисел, а потоа ќе треба да бидат потврдени и од Собранието.