Турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз. Уште пострашно, доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година.
Овие шокантни наводи за паралелниот увоз на лекови ги изнесува директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, во ексклузивното интервју за „Фокус“. Тој делумно открива и кој најмногу ќарил од воведувањето на паралелниот увоз:
„Три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот на паралелен увоз и се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер Никола Груевски.“
Дончев говори и за пет стратешки прашања за нашиот урнисан здравствен систем, за апсурдот со позитивната листа на лекови, децентрализираниот систем на набавки, за фактот што државата за некој пациенти е мајка, а за некои маќеа.
Разговараше: Јадранка КОСТОВА
Целото интервју читајте го во најновиот број на „Фокус“