Дац воведува дисциплина во МНТ: На оние што ќе задоцнат ќе им пропаднат и парите и претставата

by Фокус

Новиот директор на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац, во пресрет на новата театарска сезода најави дека оние што нема да бидат во можност да присуствуваат на претставите ќе ги добијат парите назад, но на оние што ќе доцнат ќе им пропаднат и парите и претставата.

„Почитувана публико, почитувани љубители на театарската уметност, сакам да ве информирам дека со почетокот на новата театарска сезона во Македонскиот Народен Театар, заради непречено следење на претставите, вратите за публиката ќе се затвораат во 19:55 часот. Во 20:00 часот почнува претставата! Ако некој не е во можност да присуствува на претставата за која земал билети, истите ќе може да ги врати половина час пред почетокот на претставата и да му бидат вратени парите. Во спротивно, на гледачите кои задоцниле нема да им бидат вратени парите и истите нема да можат да влезат во театарот. Ова ќе важи за сите граѓани на светот“, објави Дац.

Поврзани новости