Дачиќ: Странски фактор вклучен во офанзивното делување од Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека имаат докази за силно разузнавачко делување против Србија во Македонија, засилено со странски фактор.

„Веќе следната седмица, по состанокот кој ќе го имаме овде, а ќе имаме состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, дел од нашиот персонал ќе се врати во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна, кога ќе завршиме со сите консултации кои имаме намера да ги спроведеме овде во Белград – изјави Дачиќ

Тој додаде дека сакаат добрососедски односи со Македонија, но и дека имаат обврска да ги штитат нивните државни интереси.

Поврзани новости