Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, поднесе оставка од функцијата. Тој ќе биде назначен за директор на Бирото за јавна безбедност, а за нов министер за внатрешни предложен е Оливер Андонов.
Ова значи дека кога ќе се формира новата преодна влада, Оливер Андонов ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а министерот ќе биде од редовите на СДСМ.
Портпаролот на Владата информираше и дека претпладнето Владата имала седница на која по нивно лично барање се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски. На истата седница за нов директор на УБК е именуван Владимир Атанасовски, досегашен директор на Управата за финансиско разузнавање.