Блокиран патот Градско-Прилеп, овоштарите го расфрлаа родот на патиштата

by fokus

Овоштарите денеска на еден час го блокираа патот Градско – Прилеп поради проблеми со откупот на праските.

Тие во знак на револт гo расфрлаа родот на патот и се заканија со радикализација на штрајкот доколку не им биде надоместена штетата.

Поранешниот заменик-министер за земјоделство, Ванчо Костадиновски, пред една недела информираше дека родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета.

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.

Поврзани новости