Беќир Асани од ДУИ нападнал полицајка бидејќи „пајак“ му ја собрал колата

by Fokus

Беќир Асани од ДУИ нападнал полицајка за време на сообраќајна контрола кај трговскиот центар Мавровка.

Според информациите во полицскиот билтен, денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости