Бејта: Груевски прв предложи двојазични полициски униформи

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ преговарале и ги прифатиле скоро сите барања на ДУИ опфатени во албанската платформа, вечерва потврди уште еднаш, потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејтат.

Во интервју на Алсат-М, Бејта открива дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле и двојазичност на полициските униформи.

-Тоа беше нивен предлог, со кој се согласивме и ние, полицајците Албанци да имаат униформи на албански јазик. Тоа е нивен предлог, полициските униформи на Албанците да бидат двојазични на македонски и на албански јазик. – изјави Бејта.

Од ДУИ велат дека коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ не била постигната поради различните позиции околу СЈО. Од ДПМНЕ пак, и натаму тврдат дека до договор не дошло поради тоа што Груевски ја одбил албанската платформа.

Поврзани новости