Бебињата ќе добиваат матичен извод во родилиштата

by Fokus

Министерството за здравство воведува новина со која на родителите на доброволна основа им се олеснува постапката за вадење извод од матичната книга на родени.

Со оваа новина родителите нема веќе да чекаат на шалтери туку изводот од матична книга ќе го добијат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето.

Проектот „Добредојде бебе“ ќе стартува од понеделник, 24 јули, и оваа услуга ќе биде достапна во породилиштата во Скопје, додека од 1 септември услугата ќе биде достапна во сите 18 породилишта во Македонија.

Поврзани новости