Бебе почина по пад од зграда во Скопје

by Fokus

Едногодишно бебе почина вечерва откако паднало низ скршен прозорец во зградата кај што живееле на улицата Архиепископ Доситеј во Скопје, неофицијално дознава „Фокус“ од извори во полицијата.

Според нашите информации, детето со својата баба се симнувало по скалите на зградата, но во еден момент се отргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало на висина од 2,5 метри. Тоа се здобило со скршеници на черепот и по операцијата во една од приватните болници им подлегнало на повредите.

Од МВР се очекува наскоро да излезат со повеќе детали за случајот.

Поврзани новости