Бачев: Да се повлече барањето за членство во ЕУ

by Fokus

Од партијата на Јанко Бачев, „Единствена Македонија“ бараа да се повлече барањето за членство во ЕУ, што ја донело Собранието на 23 декември, 1993 година.

„ Бараме повлекување на актите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Пред шест дена во Собранието поднесовме Одлука за повлекување на Одлуката за членство во НАТО што ја донесе Собранието на 23 декември 1993. Денеска во Владата иницираме повлекување на Барањето за членство на Македонија во ЕУ што македонската влада го поднесе до Советот на Европската Унија на 22 март 2004 во Даблин, Република Ирска. Ова е во согласност со желбите на македонскиот народ и еден дел од малцинствата во земјата кои не сакаат членство во ЕУ и не ја гледаат својата иднина во ЕУ. Особено сакам да потенцирам дека се лажни анкетите што наменски се сервираат во јавноста дека народот сака во ЕУ. Напротив, членството на Македонија во ЕУ во изминатите 27 години го посакуваат само политичките елити во државата, кои, во стилот на некогашната Римска империја, откако претходно ќе бидат длабоко корумпирани и купени од европските бирократи, стануваат нивни заложници и под нивна контрола за остварување на нивните погубни политики спрема Македонија и Македонците – истакна Бачев.

Поврзани новости