Шилегов најави дека пунктот за безбдомници Момин поток ќе работи 24 часа поради студот

by Фокус

Пунктот за бездомници Момин Поток од вечерва ќе биде отворен 24 часа за згрижување на бездомните лица на територијата на Скопје, поради најавата за студен бран, соопштија градоначaлникот на Скопје, Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

-Градот Скопје се грижи на секаков можен начин да им излезе во пресрет на бездомните лица кои живеат на овие простори. Станува збор за наши сограѓани на кои им е неопходна помош, пред се во форма на сместување. Скопје е солидарен град и наша цел е да им помогнеме на овие луѓе особено во зимскиот период кога ниските температури значително им ги отежнуваат условите за живот – изјави Шилегов.

Инаку, ставката во Буџетот на Градот за 2018 година за поддршка на Прифатилиштето за бездомни лица ќе се зголеми од 500.000 на 700.000 денари. Овој пункт на бездомниците ќе им обезбеди 24 часовна услуга следниве три месеци, односно во декември, јануари и февруари и дополнително ќе бидат ангажирани 40 волонтери на Црвениот крст. Пунктот располага со 32 кревети и санитарен контејнер со 4 туш кабини, поделен на машки и женски дел, со што може да одговори на потребите на овие лица.

 

Поврзани новости