Ахмети: Му ветив на Хан дека ќе направиме максимални напори за доближување до ЕУ

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека разговарале за сите теми кои се однесуваат на интеграциските процеси и притоа ја оцени средбата како многу важна.

-Беше многу важна средба со комесарот Хан. Зборувавме за сите теми кои се однесуваат на интеграциските процеси, реформите во судството, соработката со опозицијата. Му ветив на Хан дека ние ќе направиме максимални напори за да ги достигнеме конкретните чекори за да бидеме што поблиску до случувањата  и реализациите на сите прашања кои не приближуваат со Европа, рече Ахмети.

Поврзани новости