Зошто да студираш на ВШ Грм Ново место во Словенија?

by irena 10:00
10:00

Образованието денес повеќе од кога било претставува клуч за отворање на врати кон сигурна иднина и успешна кариера. Во време кога младите луѓе сè почесто се ориентираат кон интердисциплинарни знаења и европски стандарди на студии, Факултетот за управување со рурален развој, ГРМ Ново место во Словенија се наметнува како одлична можност за сите средношколци од Македонија кои сакаат современо, практично и меѓународно ориентирано образование.

Овој факултет е препознатлив по трогодишната државна програма „Управување со руралните средини“, која интегрира современи дисциплини како одржлив развој, дигитална трансформација, земјоделство и туризам, со што на студентите им овозможува да стекнат титула дипломиран инженер и компетенции кои веднаш се применливи на пазарот на труд. Според најновите податоци, ВШ Грм Ново место бележи импресивна 100% вработливост на дипломираните студенти, што е најсилниот доказ за квалитетот и релевантноста на студиската програма.

„Нашата институција се разликува по тоа што ги поврзуваме традицијата и иновациите за да им овозможиме на студентите целосно разбирање на современите предизвици во руралните подрачја – од климатските промени и депопулацијата, до развојот на руралниот туризам и управувањето со природните ресурси. Кај нас, студентите не учат само теорија, туку работат на реални проекти, стекнуваат практични вештини и развиваат интердисциплинарен пристап кој е клучен за успех во секоја професија“, вели Проф. Др. Леа-Марија Цоларич-Јакше, Деканка на ВШ Грм Ново место.

Можностите за македонските студенти се дополнети со бесплатен курс по словенечки јазик пред почетокот на студиите, менторство и академска поддршка, едноставна процедура за запишување со признаено четиригодишно средно образование и богата понуда на практична настава која може да се реализира во Словенија или Македонија. Посебно внимание се посветува на меѓународната размена преку програмата Erasmus+, која им овозможува на студентите да изберат универзитет или компанија во Европа каде што ќе поминат дел од своето образование или практична работа.

„Програмата Erasmus+ претставува извонредна можност за нашите студенти да искусат различни култури и професионални практики. Во текот на размената тие ги унапредуваат јазичните вештини, создаваат меѓународни контакти и се стекнуваат со нови перспективи кои се драгоцени за нивната иднина“, посочува изн. проф. д-р Андреј Лисец, вонреден професор и Erasmus+ координатор на ВШ Грм Ново место.

Студентите од Македонија се интегрираат брзо во пријателската средина на Ново место, град кој нуди одличен баланс меѓу студиските обврски и активен студентски живот. Алумни клубот и мрежата на поранешни дипломирани студенти дополнително придонесуваат за полесна адаптација и за поврзување со потенцијални работодавци.

По завршувањето на студиите, дипломираните студенти имаат широк спектар на професионални насоки – од работа во рурален и еко-туризам, земјоделски стопанства и развојни агенции, до административни служби и компании кои се занимаваат со одржливо управување и современи технологии. Дипломата од ВШ Грм Ново место е призната во целата Европска Унија, што овозможува и кариера надвор од границите на Словенија.

Со јасна ориентација кон применливи знаења, меѓународна соработка и исклучително високо ниво на вработливост, ВШ Грм Ново место е повеќе од факултет – тоа е сигурен избор за студии кои ја отвораат перспективата за квалитетна иднина.

Повеќе информации за програмата, условите за упис и активностите може да најдете на нивните профили на македонски јазик: Facebook: Visoka šola za upravljanje podeželja Grm Novo Mesto, Instagram: @vsgrm_nm.

ПР текст

 

Слични вести