Зоран Тодоров е втор независен кандидат за градоначалник на Кочани

by irena 17:59
17:59

Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров (47) е втор независен кандидат за градоначалник на Кочани на претстојните Локални избори. Тодоров е еден од основачите на неколку организации и здруженија, меѓу кои ротари-клубот „Кочани-Виница“, Православното здружение на граѓани „Воскресение“ и „Одбор за здрав живот“. Во моментов го раководи Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани”, објави МИА.

„Вчера ја поднесов независната кандидатура за градоначалник на Кочани. Некој би рекол ракавицата е фрлена, но јас би рекол раката кон сите во Кочани е подадена. Роден и израснат сум овде, во Кочани – градот што ми ја вгради љубовта кон луѓето, чесноста кон трудот и верата во вистинските вредности. Со моето семејство секој ден го живееме Кочани – не како место на случаен престој, туку како свесен избор“, рече Тодоров.

Слични вести