Жителите на Нови Сад ги пречекуваат илјадниците студенти

by vlatko 20:08
20:08

Жителите на Нови Сад вечерва ги пречекуваат илјадниците студенти и граѓани од неколку градови во Нови Сад на комеморативниот собир на 1 ноември, пренесува 021.

Колона од Суботица ја пречека Теодора Мартинко, единствената преживеана од уривањето на настрешница, во близина на нејзината куќа во Кисач.

Жителите на Нови Пазар кои одат во посебна група се во Мишелук, најголемата колона од Белград пристигна во Сремске Карловци.

Колоната од Белград, која е и најголема, со повеќе од 3.500 учесници, пристигна во Сремске Карловци.

Мостот на слободата и раскрсницата кај Меркатор и НИС се блокирани.

Поставени се пунктови за прва помош и тезги со храна по должината на булеварот Ослобоѓења.

Слични вести