159
Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар, кој ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), каде живеела и нејзината мајка М.В. (85), која настрадала.
Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.