165
Земјотрес е регистриран утринава во северозападниот дел на Македонија со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Според информациите на ЕМСЦ, земјотресот се случил во 05 часот и 21 минута.
Епицентарот бил лоциран на околу девет километри југозападно од Тетово, на длабочина од пет километри.
Станува збор за потрес со слаб интензитет, кој најчесто не предизвикува материјална штета, но може да биде почувствуван од граѓаните во непосредна близина на епицентарот.
Засега нема информации за евентуални последици.