11
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во Бандското Море, во близина на островите Молуци во Индонезија, соопшти индонезиската државна агенција за геофизика.
Во соопштението се наведува дека нема опасност од цунами, пренесе Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 143 километри.
Засега нема информации за евентуални повредени лица или причинета штета.