13
Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија на 25 или на 26 септември.
Пред тоа тој најави дека ќе биде во посета во Њујорк, па по враќањето од таму, ќе се повлече од функцијата.
„Ќе поднесам оставка веднаш по враќањето од Њујорк. Тоа е тоа“, рече Вучиќ на прес-конференција.
Порача дека ќе ја започне изборната кампања како „обичен граѓанин“, бидејќи сака да биде првиот претседател кој ќе го направи тоа.
Српската напредна партија го номинираше Вучиќ за носител на листата на Единствена Србија и кандидат за премиер.
Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 25 октомври.