Алтернатива за Германија (AfD) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во обраќањето пред парламентот оваа седмица ја обвини евроскептичната противмигрансја суверенистичка партија за спроведување политика на „етничко чистење“.
Пратеничката група на AfD во соопштението за медиумите во петокот објави дека изјавите уптатени на партијата „носат кривичен товар“, поради што Мерц не треба да ужива вообичаена правна заштита.
За време на дебатата во средата на почетокот на дискусиите за буџетот за 2027 година, Мерц реплицираше откако копретседателката на AfD, Алис Вајдел, остро ги критикуваше неговите политики обвинувајќи дека тие придонеле за економското слабеење на Германија и падот на животниот стандард на граѓаните.
Мерц рече дека „милиони луѓе со мигрантско потекло исто така работат во занаетите. И ако она што го застапувате овде, имено ‘ремиграцијата’, стане реалност, што не е ништо друго освен етничко чистење врз основа на бојата на кожата и потеклото…“
Неговата реченица беше прекината од пратеник на AfD, по што канцеларот кому вротглаво му се урива рејтингот повтори: „Дами и господа, зборот ‘ремиграција’ не е ништо друго освен синоним за етничко чистење врз основа на бојата на кожата и потеклото“.
Штефан Бранднер, правен советник на парламентарната група на AfD, ја опиша изјавата како „изјава со кривична тежина“, велејќи дека таа е надвор од опсегот на заштитата на парламентарниот имунитет бидејќи претставува клевета.
Според член 46 од германскиот Устав, пратеник не може да биде гонет за изјави дадени во парламентот.