Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер во Куба

by irena 08:19
08:19

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала е регистриран во западниот дел на Куба. Земјотресот бил на длабочина од 26 километри, а епицентарот бил на 104 километри западно-северозападно од градот Мантуа.

Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во американската сојузна држава Флорида.

Властите сè уште не пријавиле поголеми штети или жртви, но земјотресот предизвикал загриженост кај жителите.

По земјотресот не е издадено предупредување или тревога за цунами.

Слични вести