9
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека претходната американска администрација и ветила на Украина 20.000 ракети за борба против беспилотните летала „Шахед“, но дека тие ракети потоа биле испратени на друга дестинација.
Во интервју за Еј-Би-Си Њуз, Зеленски рече дека утрово украинскиот министер за одбрана му кажал дека САД ги префрлиле ракетите ветени на Украина на Блискиот Исток.
-За време на претходната администрација, беше министерот за одбрана (Лојд) Остин, и ние се одлучивме за еден проект. Сметавме на овој проект – 20.000 ракети за борба против „Шахед“. Утрово, мојот министер за одбрана ми рече дека САД ги префрлиле на Блискиот Исток – рече Зеленски.