Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија нема намера да ја запре војната, додека Киев се подготвува за нови напади по истекот на прекинот на огнот договорен со посредство на САД.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија нема намера да ја прекине војната и дека Киев се подготвува за нови напади, додека прекинот на огнот договорен со посредство на САД се приближува кон крајот.
„Денес немаше тишина на првата линија на фронтот. Русија нема намера да ја запре оваа војна и ние, за жал, се подготвуваме за нови напади“, порача Зеленски во своето вечерно видеообраќање.
И покрај примирјето, и украинската и руската страна пријавија борби долж долгата линија на фронтот, при што меѓусебно се обвинуваа за напади со дронови и артилерија.
Украина и Русија во петокот се согласија на прекин на огнот од 9 до 11 мај, како дел од американските напори за постигнување мир по повеќе од четири години војна предизвикана од руската инвазија во 2022 година. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека се надева оти примирјето ќе биде продолжено, но веќе во неделата се појавија знаци на нови тензии.