Зеленски: Најпродуктивниот разговор со Трамп досега

by irena 09:35
09:35

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека неговиот последен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп е најдобриот и најпродуктивниот досега.

„Што се однесува до разговорот со американскиот претседател, кој се одржа претходниот ден, тоа беше веројатно најдобриот разговор што го имавме во целиот овој период, најпродуктивниот“, рече Зеленски во видео обраќање.

Тој додаде дека разговарале за прашања поврзани со воздушната одбрана и дека е благодарен за подготвеноста на Трамп да помогне.

„Системот „Патриот“ е токму клучот за заштита од балистички закани“, рече Зеленски.

Трамп вчера им рече на новинарите дека имал добар разговор со Зеленски и повтори дека е разочаран од разговорот со рускиот претседател Владимир Путин поради, како што изјави, недостатокот на подготвеност на Москва да работи на прекин на огнот.

Слични вести