Зеленски: Најмалку 22 загинати во руските напади врз Украина

by irena 18:38
18:38

Најмалку 22 лица се убиени, а 85 повредени во масовни руски напади низ Украина изминатата ноќ, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, само неколку часа по коментарот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој најави дека рокот за постигнување прекин на огнот ќе биде скратен на 10-12 дена“.

Нападите погодија 73 градови и села низ земјата, вклучувајќи и болница во градот Камијанске, во регионот Днипро, каде што животот го загубиле три лица, меѓу нив и 23-годишна бремена жена.

Секое убиство од страна на Русија, секој руски напад кој можел да се избегне доколку Москва прифатела прекин на огнот е доказ дека на Русија ѝ се потребни вистински остри, болни и праведни санкции,“ изјави Зеленски.

Украинскиот претседател му се заблагодари на Доналд Трамп за неговите изјави, како и на сите меѓународни лидери кои вршат притисок врз Русија. Но додаде дека мирот е можен само ако Русија ја прекине војната што самата ја започна и ги прекине страдањата на украинскиот народ.

Слични вести