Затвореник од француски затвор во Париз избегал за време на културна посета на музејот Лувр, додека групата патувала со јавен превоз, а бегството се случило на железничката станица Обер, една од најпрометните центри во центарот на Париз, објавија француските медиуми.
Според францускиот „Ентревју“, тројца затвореници од затворот Нантер биле на пат кон Лувр кога еден од нив избегал.
Стражарите се пуштиле во потера, но не успеале да го стигнат затвореникот роден во 2001 година, кој отслужувал казна за кражба и трговија со дрога, осуден до 2028 година.
Организацијата на посетата веќе беше предмет на дискусија, бидејќи и затворската администрација и обвинителството претходно дале негативно мислење за дозвола за посета, додека судијата сепак одлучил да ја дозволи посетата.
На барање на француското Министерство за правда, придружбата била дополнително засилена, групата имала шест придружници, од кои тројца стражари, еден офицер и двајца водичи.
Двајцата преостанати затвореници морале веднаш да ја прекинат посетата на музејот и биле вратени во затворот Нантер под придружба, додека полицијата сè уште го бара избеганиот човек.