170
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес оцени дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не го интересираат луѓе, туку, како што изјави, „териториите што ги бараат западните земји“.
„За своите не се бори од каучот и не треба да се криеш зад женски здолништа. Тие територии не им се потребни на оние што живеат во Украина, туку на Британците и другите земји од НАТО. Само на нив. Тие, како и во 2022 година, прават сè за да го спречат мировниот процес“, напиша Захарова на Телеграм.
Според неа, доколку на Украина навистина ѝ требаат територии, стотици илјади граѓани на таа земја не би молеле за финансиска помош во Европа, туку би се бореле на фронтот и во позадина „за своите“.