Филипче: Здравствениот систем има огромни проблеми, млади лекари-специјализанти се оставени сами на себе

by irena 21:07
21:07

„СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник, Марјан Даскаловски, докажан човек којшто има огромна енергија, желба да го продолжи развојот на Општината и Струмица да остане бастионот на демократијата во државата“ – изјави вечерва лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој, меѓу другото, рече дека во главниот советнички тим на министерот за здравство има лекари од приватните болници и оти се поставува прашањето за кого „крои политики министерот за здравство – за доброто на јавното здравство или за приватните болници под влијание на неговите најблиски советници“.

Според Филипче, тоа не изненадува, бидејќи оваа власт „секој ден покажува и докажува дека работи само за големите бизниси и компании, за приватните болници, а ништо за обичните луѓе и за народот“.

Здравствениот систем, според Филипче, има огромни проблеми.

-За жал можам да кажам дека имаме и огромни пропусти, се соочуваме со една ситуација во која млади лекари-специјализанти се оставени сами на себе, без никаква поддршка и кога тие се пуштат сами без контрола во работата, а здравствениот систем и Министерството не прават ништо да го воспостават тој систем на контрола, се случуваат големи грешки, рече тој.

Слични вести