189
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, јавуваат локалните медиуми. Сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски службеници, екипи на противпожарната служба и возило на Итната медицинска помош.
Според неофицијални информации од теренот, едно лице го загуби животот, додека две други се здобија со тешки повреди.
Повредените се пренесени во болница за укажување лекарска помош.
Надлежните служби вршат увид на местото на несреќата.