Загина творецот на играта Call of Duty – со „ферари“ се заби во бетонска ограда

by irena 10:12
10:12

Винс Зампела – еден од клучните луѓе зад популарната франшиза „Call of Duty“, загина во тешка сообраќајна несреќа.

Несреќата се случи на автопат во Јужна Калифорнија кога Зампела ја изгуби контролата врз своето „ферари“, пишува NBC Los Angeles.

Според извештајот на полицијата, несреќата се случила околу 12:45 часот.

Зампела веднаш по излегувањето од тунелот на кривулестиот планински пат, со возилото скршнал од патот и удрил во бетонска ограда.

Поради силата на ударот, совозачот бил исфрлен од автомобилот, додека Зампела бил заробен во возилото, кое потоа се запалило.

Слични вести