1
На 17.09.2026 околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Од здобиените повреди, И. Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.