Загина 67-годишен охриѓанец во сообраќајка со мопед

by irena 12:31
12:31

МВР информира дека вчера претпладне околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгуби контрола и падна на коловозот.

Од здобиените повреди, И.Б. почина на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатираше смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.

Слични вести