За седум часа во Скопје казнети се 168 мотоциклисти

by irena 11:37
11:37

МВР информира дека вчера во периодот од 16:00 до 01:00 часот на подрачјето на Град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола во сообраќајот, информираа од МВР.

Од таму посочија дека биле преземени вкупно 168 мерки, од кои 56 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 18 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, пет мерки за нерегистриран мотоцикл, една мерка затоа што не застанал на даден знак и 66 мерки по останати прекршоци – не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго.

„При акциската контрола, констатирани се две кривични дело безобѕирно управување со мопед по член 297-а од Кривичниот законик и едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик“, додаваат од МВР.

Слични вести