603
Полицијата во Битола презема мерки за пронаоѓање на 43-годишна жена која се оддалечила од својот дом, откако нејзиното исчезнување било пријавено во СВР Битола.
Според официјалните информации, случајот бил пријавен вчера во 13:00 часот од страна на 52-годишниот А.Р. од Битола, кој пријавил дека неговата сопруга Т.Р. (43) го напуштила семејниот дом и не се вратила.
Веднаш по пријавата, полициските службеници започнале активности за нејзино пронаоѓање.
Се спроведуваат проверки на повеќе локации и се собираат информации кои би можеле да помогнат во утврдување на околностите под кои жената се оддалечила од домот.
Од СВР Битола посочуваат дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки за што побрзо лоцирање на лицето.