163
Тетовка (50) пријави злоупотреба на нејзината дебитна платежна картичка, откако утврди дека од нејзината трансакциска сметка се извршени повеќе неовластени трансакции.
Според информациите од СВР Тетово, таа вчера попладне во 14:00 часот го пријавила случајот во полиција.
Во мај годинава, преку мобилно банкарство забележа дека и недостигаат средства на сметката, но поради боледување не можела да го провери случајот во банката.
На 17 јуни, кога го подигнала банкарскиот извештај, видела дека за една година биле реализирани повеќе неовластени трансакции, при што е оштетена за околу 80.000 денари.