Камерите во Скопје забележале околу 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека најголем дел од нив се однесуваат за пречекорена брзина на возење.
Министерот, исто така, кажа дека правилата ќе важат за сите, дури и за функционерите, и никој нема да биде поштеден ако направи прекршок.
Кажа и дека системот „Безбеден град“ има слабости и дека остануваат отворени за секакви решенија што ќе придонесат за намалување на бројот на жртви во сообраќајот.
„Околу 110.000 за 24 часа само за Скопје, катастрофална бројка. Околу 1.000 прекршоци се за нерегистрирани возила, околу 5.000 за поминување на црвено, а најстрашно е што над 90 отсто или повеќе е пречекорување на брзина“, кажа Тошковски.
Тој уверува дека секој функционер што ќе направи прекршок ќе биде казнет.
„Најодговорно тврдам – ниеден функционер во рамки на редовно вршење на неговите јавни работи ако стори прекршок ќе биде казнет“, кажа тој.