Вучиќ: Во декември просечната плата во Србија ќе изнесува 1.200 евра

by irena 15:10
15:10

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека се проценува оти просечната плата во декември ќе изнесува 140.850 динари, односно 1.200 евра.

„Зборуваме за нешто што ќе се случи за два-три месеци. Промената е повеќе од четирикратна, односно 4,1 или 4,2 пати повеќе во динари. Во евра, тоа е пораст од 331 евро на 1.200 евра, колку што ќе изнесува просечната плата во декември“, рече Вучиќ за време на претставувањето на новите мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Како што наведе, 1.200 евра е просечната плата денес во Романија, која е членка на Европската Унија од 2004 година.

„Значи, 1.200 евра ќе биде просечната нето-плата на крајот од оваа година – не на крајот од следната, туку на крајот од оваа година – за целата територија на Република Србија“, истакна Вучиќ.

Според него, кога ќе се земе предвид инфлацијата, просечната плата е зголемена за 72 отсто, односно 71,59 отсто.

„Тоа е реален скок на платите. Тоа е огромно подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на луѓето“, рече Вучиќ.

Слични вести