Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им се обрати на граѓаните на Србија. Вучиќ изјави дека најважно е што Србија победи по вчерашниот протест.
Додаде дека се надева дека делницата од автопатот „Милош Велики“ од Паковраќ до Пожега ќе биде отворена за неколку дена, а железничката линија Ниѓ-Брестовац за три месеци.
– Србија победи и не можете да ја добиете Србија со насилство како што некои сакаа. Србија никогаш нема да запре – изјави Вучиќ на прес-конференција.
Десетици демонстранти и неколку полицајци беа повредени вчера откако полицијата интервенираше по официјалниот крај на масовниот студентски протест во центарот на Белград, на кој беше повторено барањето за предвремени избори.
Неколку минути пред 22 часот, студентите го објавија крајот на нивниот дотогаш мирен протест, на кој, според проценките на Архивата на јавни собири, се собраа околу 140.000 луѓе.
„Земете ја слободата во свои раце, ние веруваме во вас, имате зелено светло“, рекоа студентите на официјалниот крај на протестот на плоштадот Славија во Белград.
Студентка, чие име не беше наведено, објави од говорницата дека владата од денес се смета за нелегитимна. Таа побара распишување и одржување на „фер предвремени парламентарни избори“.