Јакуп Хусеини е кандидат за градоначалник на Вреди на вонредните избори за градоначалник во Брвеница

by irena 18:03
18:03

Партијата Вреди денеска објави дека нејзин кандидат за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Јакуп Хусеини.

„Јакуп Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината. Во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности“, соопштија од владејачката партија.

Од Вреди додаваат дека нудат кандидат „со правна подготовка, професионално искуство и непосредно познавање на Општина Брвеница“.

Слични вести