720
Еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ – Биљал Касами изјави дека за Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот за градоначалник на коалициската ВМРО-ДПМНЕ.
Со тоа практично се отстапува од договорот со премиерот Христијан Мицкоски и партијата ВМРО-ДПМНЕ која во Тетово му ја даде поддршката на Касами уште во првиот круг на локалните избори.
Касами оваа изјава ја даде за албанска телевизија.
Во вториот круг за избор на градоначалник на Кичево влегоа актуелниот градски татко, Фатмир Дехари и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Александар Јовановски.
За возврат, ВРЕДИ од НАИ (ДУИ) очекува поддршка во општините Брвеница и Долнени.