Од ВРЕДИ сметаат дека Ослободувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами е сериозен скандал и потценување на државните институции.
Од ВРЕДИ изразуваат сомнеж за околностите под кои двајцата се најдоа на слобода и бараат итно објаснување од надлежните судски и обвинителски органи.
ВРЕДИ прашува за можните влијанија и поврзаности во правосудниот систем, споменувајќи ги и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и измените на Кривичниот законик.
Потсетуваат дека Груби се наоѓа на американската црна листа поради, како што наведуваат, коруптивни активности поврзани со Мијалков.
Бараат надлежните институции да ги објаснат одлуките и најавуваат дека ќе ги искористат сите институционални механизми за утврдување на одговорноста.
Од коалицијата повикуваат на зголемено внимание од меѓународната заедница и странските амбасади, со цел да се следат транспарентноста на постапките и почитувањето на владеењето на правото.
„Груби и Бајрами не можат да бидат над законот. Никој не смее да ја избегне одговорноста. Ќе има одговорност. Правдата ќе ги стигне сите“, порачаа од ВРЕДИ.