Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака политика што ги обединува луѓето, а не ги разделува

by irena 08:12
08:12

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама, денеска изјави дека американскиот народ, преку гласањето на изборите во средината на мандатот, порача оти сака политика што ги обединува луѓето, наместо да ги разделува.

„Американскиот народ испрати јасна порака – тие сакаат политики што ги обединуваат луѓето, а не ги разделуваат, како и лидери кои нудат конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, напиша Обама во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Според него, ваквите резултати се овозможени благодарение на појавата на извонредни кандидати во секој дел од земјата, вклучително и во средини каде што шансите за успех претходно се сметале за многу мали.

„Исто така, им должиме благодарност на илјадниците изборни службеници и волонтери од двете партии, кои помогнаа изборите да поминат непречено и кои ја извршија една од најважните функции на нашата демократија. Иако на оваа администрација ѝ преостануваат уште две години од мандатот, нашата задача сега е да ги засукаме ракавите, да спроведеме промени секаде каде што имаме моќ за тоа, да спречиме понатамошна штета и да поставиме темели за иднината“, заклучи тој.

Слични вести