(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Двегодишно дете со пиштол ја застрела својата мајка

by Fokus

Вознемирувачка видео снимка се појави на социјалните мрежи од моментот кога двегодишно момче ја застрела својата мајка, пишуваат бразилските медиуми.

На снимката во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото, кога мајка му се врти кон него.

Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето.

Се гледа дека куршумот ја погоди жената во градите и во раката. Потоа, таа стана, но набрзо падна на подот.

Жената е идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро.

Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, земјоделец кој имал дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.

Според локалните медиуми, детето најверојатно ќе биде вклучено во програма за психолошко советување.

Началникот на локалната полиција потврди дека жената била пренесена во болница, каде што само била констатирана смрт.

Поврзани новости