Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Делчево

by irena 21:11
21:11

На 07.10.2026 околу 21:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, управуван од Г.Ц.(38) од с.Турија, делчевско и патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Делчево.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.Ц., констатирани во Итна медицинска помош Делчево, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево.

Слични вести