171
Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, покажале резултатите од вонредниот надзор што ЈП „Водовод и канализација“.
Што точно ги предизвикало тегобите кај ученици, според најавите, треба да биде познато денеска.
Освен мостри од храна, работни површини во училишната кујна, прегледи на вработените во училиштето, надлежните соопштија дека се земени и примероци од водата во училиштето.
Секторот за санитарна контрола зел четири примероци од две локации во училиштето – училница и кујна.