Се продава огромно конфискувано земјиште, во Морани, за почетна сума од по 5 евра за квадрат

by valentina 12:18
12:18

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас за продажба на конфискувано земјиште. Станува збор за огромна парцела од 56.818 метри квадратни, која ќе се продава по почетна сума од 277.161 евра, или по 5 евра од квадрат.

Од Агенцијата за управување со одземен имот во 2023 година за прв пат го огласија ова земјиште за продажба, а тогаш медиумите информираа дека парцелата била во сопственост на Сашо Мијалков, но сега тој ги демантира овие информации, посочувајќи дека овој имот никогаш не бил во негова сопственост.

Земјиштето се наоѓа во Морани, Општина Студеничани, во местото викано Долно Поле.

Објавата на овој оглас трае 15 (петнаесет) дена почнувајки од 25 ноември и ќе трае до 09 декември. Наддавањето пак е закажано за 12 декември.

-Продажбата на конфискуваниот имот од точка 1 од овој Заклучок, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Биро за процени бр. СВ V- 3/25-8 од 25.03.2025 година, во износ од 17.045.421,00 денари, се наведува во огласот на Агенцијата.

Истиот имот неколку пати беше огласен за продажба и во 2023 година, но немаше заинтересирани купувачи. Тогаш почетната цена беше намалена за една четвртина, но очигледно продажбата не била успешна.

-Продажбата на одземениот недвижен имот да се изврши со јавно наддавање по електронски пат со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда Бирото за судски вештачања бр. СВ /EL V 19/23-11 од 19.4.2023 година, намалена за една четвртина од проценетата вредност, во износ од 12.784.066,00 денари, пишува во една од одлуките на Владата, од пред две години.

Валентина Вурмо

Слични вести