Струмичанец осомничен за обид за убиство на сопругата

by irena 12:36
12:36

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“.

Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.

Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат.

Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави.

Слични вести